Достапни линкови

Шефот на Газпром во посета на Киргистан


Шефот на рускиот енергетски гигант Газпром, Алексеј Милер.

Шефот на рускиот енергетски гигант Газпром, Алексеј Милер е во посета на Бишкек да разговара за киргистанската енергетска безбедност откако соседен Узбекистан ја прекина испорката на природен гас. Узбекистан ја прекина испораката откако Киргистан го продаде мнозинскиот удел на природниот гас во земјата на компанија, чиј сопственик е Газпром.

Газпром соопшти дека Милер за време на средбата со киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев нагласил дека влезот на компанијата во земјата е гаранција дека испораката на гас ќе се одвива непречено.

XS
SM
MD
LG