Достапни линкови

САД ги следат антивладините протести во Пакистан


Антивладините протести во Пакистан.

САД соопштија дека внимателно ги следат антивладините протести во Исламабад, каде демонстрантите окупираа делови од градот и владини згради. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Наваз Шариф.

Американската амбасада во Исламабад ги повика двете страни да се воздржат од насилство и соопшти дека Вашингтон не е инволвиран во разговорите помеѓу политичките партии. Еден од лидерите на опозицијата Имран Кан претходно го обвини Вашингтон за мешање во пакистанската политика.

XS
SM
MD
LG