Достапни линкови

Црни листи на ООН за милитанти во Ирак и Сирија


minority fleeing violence from forces loyal to the Isla

Советот за безбедност на ОН гласаше да се стават на црна листа шестмина исламистички милитанти во Ирак и Сирија и се закани со санкции против секој кој ги финансира, регрутира, или снабдува со оружје бунтовниците. Советот за безбедност вчера едногласно ја усвои резолуцијата со која се санкционираат милитантите меѓу кои е и портпаролот на Исламската држава (ИС) Абу Мухамед ал-Аднани . Резолуцијата на Советот за безбедност ги осудува терористичките акти на Исалмската држава и нивната насилна екстремистички идеологија како и големите злоупотреби на човековите права.

XS
SM
MD
LG