Достапни линкови

ЕУ дозволи испорака на оружје на курдските сили во Ирак


Припадници на курдските сили во Ирак

Министрите за надворешни работи на ЕУ на средбата во Брисел се согласиле да се дозволи испорака на оружје на курдските сили во северен Ирак. Германскиот министер за надворешни работи Френк Валтер Штајнмаер изјави по средбата дека ЕУ постигнала заедничка позиција со тоа што ќе им се дозволи на некои земји да одговорат на барањето на курдските сили за нивно вооружување. Според него, се уште не е јасно за каква опрема се работи. Курдските сили се борат со милитантите од Исламската држава.

XS
SM
MD
LG