Достапни линкови

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Хрватска


Хрватска се надева на приходи од туризмот.

Агенцијата Фич го намали хрватскиот кредитен рејтинг за едно ниво – на ВВ за долгорочно задолжување во странска валута и ВВ+ во домашна, јавуваат хрватски медиуми.

Агенцијата очекува продолжување на рецесијата. Тие искажуваат сомнение и дека државата во скоро време ќе може да го стабилизира јавниот долг.

Според медиумите, приходите од ДДВ потфрлиле и дефицитот расте поради што е можно до крајот на годината да нема средства за плати. Сепак, Хрватска се надева на приходи од туризмот, иако и во таа гранка се регистрирани „минуси“.

XS
SM
MD
LG