Достапни линкови

ОН за последен пат ќе помогнат во обновата на Појасот Газа


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изјави дека организацијата е подготвена да помогне во обновата на Појасот Газа. Тој на Генералното собрание на ОН говореше за масовните смртни случаи и уништувањето на Газа и повика да се стави крај на бесмислениот циклус на страдање во израелско-палестинскиот конфликт. Бан Ки Мун праша дали треба и натаму да се продолжи со уништување и градење на Газа. Според него, обновата на Газа ќе биде за последен пат, бидејќи конфликтот мора да запре.

XS
SM
MD
LG