Достапни линкови

Едно дете загинало во израелските напади врз Газа


Израелски војници во офанзива во Газа.

Едно дете загинало, а најмалку 30 лица биле повредени во израелски напад кој погодил куќа во бегалскиот камп Шати во Појасот Газа, соопштија медицински лица. Нападот се случил по неколку минути откако израелската армија прогласи 7 часовно примирје во Газа, од хуманитарни причини. Во друг напад загинал Даниел Мансур, командантот на милитантната група Џихад, кој е сојузник на Хамас.

Израел најави дека примирјето не се однесува на реоните во кои сеуште дејствуваат израелските трупи. Хамас соопшти дека не го прифаќа примирјето, кое според нив е диверзија и ги преупреди жителите да бидат внимателни кога излегуваат надвор.

XS
SM
MD
LG