Достапни линкови

Русија со нова забрана за увоз на производи од Украина


Платажа со соја

Руските власти од утре ќе го суспендираат увозот на соја, месо од соја и масло од сончоглед од Украина. Според нив, одлуката е донесена поради кршење на фитосанитарни услови. Претходно земјата го забрани увозот на конзервиран зеленчук, овошје и риба од Украина, поради недостаток на соодветна државна регистрација. До ваквите мерки доаѓа во време на растечки тензии меѓу Русија и Западот во врска со кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG