Достапни линкови

Меркел-Ќе дојде момент кога лично ќе се заложам за спорот со името


Германската канцелрка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел на новинарско прашање на Дојче Веле дали има на ум креативно и умно решение за спорот со името помеѓу Македонија и Грција денеска изјави дека со тоа што бројот на комбинациите кои и доаѓаат во предвид е ограничен, јавно не би кажала зошто така би го „изгорела предлогот.

Меркел порача дека ако нешто каже, може да се обложи дека ќе и пристигнат два деманти од Грција и од Македонија или барем еден. Затоа, според неа, нејзините разговори околу името се доверливи и со сигурност ќе дојде момент кога лично ќе се заложи. Но, како што изјави таа, не може да помогне доколку актерите меѓусебно не се доближат.

XS
SM
MD
LG