Достапни линкови

Филе-ЕУ поцврсто да го прегрне Западен Балкан


Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе денска во Дубровник се заложи за продолжување на процесот на проширување на ЕУ. Тој воедно порача и дека дошло време ЕУ „поцврсто да го прегрне Западниот Балкан“. Филе за време на учеството на „Кроација форум 2014“ нагласи дека процесот на проширување не претставува „авто-пилот, туку со него мора да се управува“, нагласувајќи дека на ова прашање треба да се гледа како на дел од решението, а не како на дел од проблемот.

Словачкиот министер за надворешни работи Мирслав Лајчак порача дека проширувањето на ЕУ е политички процес кој нема да биде завршен без интегрирање на Западниот Балкан.

XS
SM
MD
LG