Достапни линкови

Халилхоџиќ: на играчите е дали ќе постат


Селекторот на Алжир Вахид Халилхоџиќ изјави дека на неговите играчи е дали ќе го почитуваат рамазанскиот пост.

Селекторот на Алжир Вахид Халилхоџиќ изјави дека на неговите играчи е дали ќе го почитуваат рамазанскиот пост пред денешниот натправар со Германија на Светското фудбалско првенство во Бразил.

„Тоа е приватно прашање и играчите можат да прават што сакаат“, изјави Халилхоџиќ и предупреди дека ќе ја напушти прес конференцијата доколку и натаму има прашања во врска со Рамазан. Муслиманите во текот на постот не јадат и не пијат од изгревот до залезот на Сонцето.

Натпреварот Порто Алегро од осминафиналето на Мундијалот меѓу Алжир и Германија почнува во 22 часот по средноевропско време.

XS
SM
MD
LG