Достапни линкови

ФИФА го суспендираше Суарез


ФИФА му изрече забрана за играње од четири месеци на уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луси Суарез, кој беше осомничен дека на натпреварот со Италија го гризнал одбрамбениот играч Џорџио Кјелини. Тоа значи дека Суарез ќе го пропушти наредниот натпревар на Уругвај против Колумбија во осминафиналето на светското првенство во Бразил, како и секој евентуален нареден натпревар. Суарез е исто така казнет со 112 илјади долари.

Тој ќе го пропушти и почетокот на англиската премиер лига, следните девет меѓународни натпревари на Уругвај по првенството и Купот на Америка во наредната година. Суарез е играч на Ливерпул и претходно два пати беше суспендиран за гризање на играч од спротивен тим.

XS
SM
MD
LG