Репрезентациите на Аргентина и Нигерија од групата Ф, обезбедија пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.
На средбата од последното трето коло одиграна вчера, Аргентина со 3:2 ја победи Нигерија, која пак благодарение на поразот на Иран, остана на второто место на табелата.
На вториот натпревар од оваа група одигран, Босна и Херцеговина со 3:1 го победи Иран.
Од групата Е осминафиналисти се Швајцарија која синоќа го победи Хондурас со 3:0 и Франција која одигра нерешено со Еквадор, но го има првото место во групата.