Достапни линкови

Путин побара укинување на овластувањата на војската во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го повика Федералниот Совет да го повлече овластувањето на руската војска за интервенција во Украина. Руски сенатор за Интефакс изјавил дека Федералниот Совет утре ќа ја повлече резолуцијата.

Портпаролот на Путин, Дмитри Песков изјави дека барањето биле поднесено со цел да се нормализира атмосферата и да се реши ситуацијата во источните делови на Украина. Одлуката на Путин доаѓа еден ден по средбата на министерите за надворешни работи на ЕУ во Брисел по која беше побарано од Кремљ да го поддржи мировниот план за Украина.

XS
SM
MD
LG