Достапни линкови

Ирачките Курди сакаат независност


Претседателот на автономната курдска област во Ирак, Масуд Барзани.
Претседателот на автономната курдска област во Ирак, Масуд Барзани, изрази силна поддршка за самоопределувањето на Курдите. За американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, Барзани изјави дека Курдите во изминатите 10 години направиле сè што можеле за изградба на „нов, демократски Ирак“.

„За жал, искуството не беше успешно на начинот на кој требаше да биде“, рече тој.

Барзани изјави дека Ирак се распаѓа и ја повторни заканата за референдум за независност на курдската област.

„Сега е време, времето е тука за народот на Курдистан да ја одреди својата иднина и ние ќе ја почитуваме одлуката на луѓето“, рече тој.
XS
SM
MD
LG