Достапни линкови

Бразил-Чиле и Холандија-Мексико во осминафинале


Бразил-Чиле и Холандија-Мексико се првите осминафинални двојки на Светското првенство во Бразил, по синоќешните последни натпревари од групната фаза во групите А и Б. Во групата А, Бразил вчера го совлада Камерун со 4-1, а Мексико беше подобар од Хрватска со 3-1. Бразил и Мексико продолжуваат понатаму. Во групата Б, пак, Холандија го совлада Чиле со 2-0 и си го обезбеди првото место во групата што и овозможува да го избегне Бразил во осминафиналето. Во натпреварот за престиж во истата група актуелниот светски шампион Шпанија ја победи Австралија со 3-0 за со победа да се прости од шампионатот.
XS
SM
MD
LG