Достапни линкови

Турција-Уапсени 15 лица за прислушување на Ердоган


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган
Турската полиција денеска уапсила 15 лица кои се осомничени за прислушување на канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и на други високи функционери. Меѓу уапсените е и поранешен телохранител на Ердоган, како и неколку полициски службеници.
Ердоган на крајот на декември изјави дека во неговата канцеларија и во неговиот дом биле откриени апарати за прислушување. Тој и неговата владејачка Партија на правдата и развојот за прислушувањата го обвинуваат влијателниот проповедник Фетулах Ѓулен.
XS
SM
MD
LG