Достапни линкови

Подолски очекува победа на Германија


Лукас Подолски
Лукас Подолски

Нашата цел е да започнеме со победа. Тоа е причината поради која ние дојдовме овде, вели Подолски пред натпреварот со Португалија.

Искусниот германски напаѓач, Лукас Подолски очекува победа во дуелот со Португалија, кој ќе се игра попладнево градот Салвадор, а кој за двете селекции е прв на Мундијалот во Бразил.

„Нашата цел е да започнеме со победа. Тоа е причината поради која ние дојдовме овде. Ако играме добро, онака како имаме договорено, тогаш мислам дека нема сомнеж дека сме способни да победиме во овој меч“, изјави Подолски.
Фудбалерот на Арсенал е свесен и за квалитетите на противникот, но и дека играта на Португалија најмногу ќе зависи од нивната најголема ѕвезда Кристијано Роналдо.

„Не смееме да заборавиме дека тие се четврто рангирана селекција на светската ФИФА листа. Тие го имаат Роналдо, а знаеме дека тој може да го реши натпреварот со само еден потег или само со еден шут“, изјави Подолски.

За Подолски Мундијалот во Бразил е трето негово учество на завршницата на Светските првенства.
XS
SM
MD
LG