Достапни линкови

Бајден на натпреварот Гана - САД


Турнејата низ Латинска Америка, американскиот потпретседател Џо Бајден ја започнува во Бразил. Најнапред на натпреварот од Мундијалот меѓу Гана и САД.

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска ја започнува 4-дневната турнеја низ Латинска Америка, која започнува со посета на Бразил.
Бајден најнапред ќе слета во Натал, каде што ќе го следи натпреварот на Соединетите Американски Држави против Гана, соопшти Белата Куќа.

"Претпоставувам сите занете за кого ќе навива", изјави претставник на американската администрација.

Потоа, Бајден ќе отпатува за Бразилија на средба со претседателската Дилма Русеф во обид да ги нормализира односите со Бразил кои беа нарушени по објавувањето на докумените на Едвард Сноуден за следењето на комуникациите и на бразилски официјални личности.

Во рамките на турнејата низ Латинска Америка, Бајден ќе ја посети и Колумбија, Доминиканската Република и Гватемала.
XS
SM
MD
LG