Достапни линкови

Полицијата ги растера демонстрантите во Сао Паоло


„Ако нема правдина, нема да има ни Мундијал“

Воената полиција во Сао Паоло денеска употреби солзавец, шок бомби и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите, само неколку часови пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Бразил. Новинските агенции јавија дека неколку десетици противници на одржувањето на Светскиот куп се собрале во близина на едно метро станица, носејќи црвен транспарент со натпис: „Ако нема правдина, нема да има ни Мундијал“. Демонстрантите се обиделе да дојдат поблиску до стадионот каде што вечер ќе биде одржан првиот меч меѓу Хрватска и Бразил. Меѓутоа, полицијата ја блокирала авенијата која води до стадионот.
XS
SM
MD
LG