Достапни линкови

Швајцарија нема море, ама има морско прасе


Прогнозер и тоа само за швајцарците на ова светско првенство е Мадам Шива

Морското прасе Мадам Шива е нов прогнозер на резултатите од натпреварите на претстојното Светско фудбалско првенство во Бразил, но само за репрезентацијата на Швајцарија.

Мадам Шива ќе се обиде да ја надмине славата на претходниот голем прогнозер, октоподот Пола, кој ги предвидуваше резултатите од натпреварите на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година, но веднаш по завршувањето на шампионатот угина.

Дваесетмесечното морско прасе веќе ја прогнозираше победата на Швајцарија против Еквадор в недела, на првата средба од групата Е.

Ова интересно животно е пуштено на мини фудбалски терен, каде на едната страни биле поставени боите на Швајцарија, а на другата на Еквадор. По кратко намирисување на теренот, Мадам Шива решително тргнала кон швајцарскиот дел, на кој во знак на одобрување испуштила мал „измет“.

Следна работа на морското прасе ќе биде прогнозирање на резултатот против Франција, на 20 јуни, како и последниот натпревар во групата против Хондурас, пет дена подоцна.

Светското првенство во Бразил ќе трае од 12 јуни до 13 јули.
XS
SM
MD
LG