Достапни линкови

ФИФА со 2 милиона за Србија, БиХ, Хрватска и Романија


Станува збор за два милиона долари за обнова на фудбалската инфраструктура во овие балкански земји

Светската фудбалска асоцијација ќе донира два милиони долари за обнова на фудбалската инфраструктура во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, оштетена неодамна од големите поплави кои го зафатија регионот.

Оваа одлука ФИФА ја донесе денеска на конгресот во Сао Паоло во пресрет на Светското првенство во Бразил.

„Одборот за финансирање ќе издвои два милиони долари како донација за санирање или повторна изградба на оштетената инфраструктура во балканските земји кои беа поплавени“, се наведува, меѓу другото, во заклучокот на Конгресот на ФИФА.

64.от конгрес го отворија претседателот на ФИФА Сеп Блатер и бразилскиот министер за спорт Алдо Ребело.

На овој собир учествуваат 209 делегати од сите членки на светската организација. Фудбалската федерација на Македонија е претставувана од претседателот Илчо Ѓорѓиоски и генералниот секретар Димитар Зисовски.
XS
SM
MD
LG