Достапни линкови

Роналдо се врати, победа на Португалија против Ирска 5:1


Најдобриот фудбалер на Португалија Кристијано Роналдо имаше успешно враќање во националниот тим по повредата на бутниот мускул која го оддалечи подолг период од подготовките за Мундијалот.
Во последниот контролен дуел пред настапот на СП Роналдо за неговата репрезентација во победата над Република Ирска одигра 65 минути во кои прикажа солидна и потврди дека е подготвен за предизвиците во Бразил.
Португалците ноќеска во Њу Џерси славеа победа со 5:1. Головите за победничката селекција ги постигнаа Хуго Алмеида (3 и 37.минута), Киоф (автогол 20), Виериња (77) и Фабио Коентрао (83), а за Ирците погоди МекКлин во 52.минута.
Португалија на Светското првенство ќе стартува на 16 јуни против Германија во градот Салвадор. Освен овие две репрезентации во Ф групата играат Гана и САД.
XS
SM
MD
LG