Достапни линкови

Хрватска: Семејни проблеми поради Мундијалот


9 од 10 хрвати кои се во брак попрво би гледале натпревари на Светското првенство во фудбал во Бразил, отколку да имаат секс со своите сопруги, покажува една анкета спроведена во Хрватска, а објавена денеска. Според анкетата, 40 проценти од испитани 200 мажи на возраст од 30 до 50 години, биле подготвени целосно да се откажат од секс во рок од еден месец, додека трае Мундијалот. Половина од испитаниците се изјасниле дека најдобро е натпреварите да се гледат дома со пријатели, а една третина изјавиле дека имаат два телевизора за да избегнат семејни расправии.
XS
SM
MD
LG