Достапни линкови

Полицијата во Астана ги апси противниците на Евро-азијската економска унија


Астана, 29.05.2014, Лукашенко, Назарбаев, Путин
Полицијата во главниот град на Казахстан, Астана, упасила десетици активисти кои протестирале против влегувањето на нивната земја во Евро-азијската економска унија. Тие носеле маски на лицето и транспаренти на кои пишувало: Заштитете се од рускиот империјалистички вирус. Полицијата им ги запленила и мобилните телефони и камерите. Пред два дена, во близина на Астана беа уапсени 7-мина активисти и 3-ца новинари, меѓу кои и дописникот на Радио Слободна Европа, кој известуваше од вкаов сличен протест. Во Астана денеска претседателите на Русија, Казахстан и Белорусија го потпишаа договорот за формирање на Евро-азијската економска унија.
XS
SM
MD
LG