Достапни линкови

Моди положи заклетва како нов премиер на Индија


Нарендра Моди
Нарендра Моди положи заклетва на функцијата индиски премиер на денешната церемонија на која присуствуваа странски гости, меѓу кои, и пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Тој е прв пакистански премиер кој присуствувал на инаугурација на индиски лидер од создавањето на двете држави во 1947 година. Пакистан и Индија досега водеа три војни за спорниот хималајски регион Кашмир. Моди и неговата Баратија Џаната партија убедливо победија на општите избори во Индија.
XS
SM
MD
LG