Достапни линкови

СДСМ поднесува кривична пријава против Јанкулоска


Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
СДСМ поднесува кривична пријава против министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, информира на денешната прес-конференција партискиот портпарол Петре Шилегов. Според него, постојат сериозни сомневања дека Јанкулоска од позициите секретар на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за внатрешни работи, во 2006-та година направила две тешки кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и затајување данок.

„Постојат сериозни основани сомненија дека кеш пари во висина од 80 илјади евра, или две донации за ВМРО-ДПМНЕ од 30 евра и од 50 илјади евра, противзаконски завршиле лично кај Гордана Јанкулоска. Донаторот на парите, Загорец Тумбовски, како што извести преку медиумите и лично се обратил со изјава до јавниот обвинител, во којшто го потврдува и објаснува целиот случај“, рече Шилегов.

СДСМ бара од јавниот обвинител Марко Зврлевски да отвори истрага, да предложи мерка за обезбедување на Јанкулоска и да се направи графоскопско вештачење.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакцијата на прес-конференцијата на Шилегов, го повикува Јавниот обвинител да се произнесе во најкус можен рок. Гордана Јанкулоска повторно ќе му даде шанса на Шилегов и новите клевети да ги брани пред надлежниот суд, се наведува во реакцијата.

„СДСМ се очајни и се обидуваат преку монтирани и лажирани документи, здружени со лице правосилно осудено за фалсификат и злоупотреби, со неважечки печат и измислен поттпис, да создадат магла која ќе ја покријат нивната безидејност“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG