Достапни линкови

Најави за разместување постојани трупи на НАТО во Источна Европа


Генерал Филип Бридлав
Висок воен командант на НАТО изјави дека алијансата мора да ја разгледа можноста за трајно разместување трупи во делови од Источна Европа како резултат на тензиите меѓу Русија и Украина. Американскиот воздухопловен генерал Филип Бридлав истакна дека за ова прашање ќе биде дискутирано од командантите на НАТО, министрите за одбрана и за надворешни работи во периодот до самитот во Велс во почетокот на септември.
Краткорочните спогодби на НАТО за ротирање на копнени, поморски и воздухопловни сили на места како Балтикот, Романија и Полска, истекува до крајот на оваа година. Алијансата распореди дополнителни сили во Балтикот и во Полска како одговор на руската анексија на полуостровот Крим и распоредувањето на десетици илјади трупи на руската граница со Украина.
XS
SM
MD
LG