Достапни линкови

Лидерот на Кримските Татари предложен за Нобелова награда за мир


Долгогодишниот лидер на Кримските Татари, 70-годишниот Мустафа Џемилев.
Невладините организации во руската Република Татарстан го номинираа долгогодишниот лидер на Кримските Татари, 70-годишниот Мустафа Џемилев за Нобеловата награда за мир. Според организациите, дисидентот Џемилев, кој беше затворан во Советскиот Сојуз поради борбата за правата на Кримските Татари, ја заслужува наградата поради неговите заложби за мирно решавање на етничките проблеми. Џемилев јавно изјави дека Кримските Татари нема да ја признаат руската анексија на Кримскиот Полоустров од Украина. Организациите што го предложија Џемилев за Нобеловата награда бараат поддршка за номинацијата и од украинската влада и интелектуалци.
XS
SM
MD
LG