Достапни линкови

Делегација на Конгресот на САД ќе ја посети Украина


Ед Ројс
Двопартиска делегација на американски законодавци ќе ја посети Украина од 21 до 23 април. Делегацијата, предводена од претседавачот на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом Ед Ројс и членот Елиот Енгел, ќе се сретне со високи американски и украински претставници за да ги проценат ефектите од тековните напори на САД за поддршка на Украина.
Во вчерашната изјава, Ројс рече дека САД треба да направи се што може за да ја поддржи украинската влада против руската агресија. Нашата делегација ќе биде важен знак на поддршка на земјата која се наоѓа под растечки економски притисоци и безбедносни закани, истакна Ројс.
Делегацијата исто така е подготвена да разговара за украинските напори за проширување на изворите за снабдување со енергија, а ќе бидат проценети и напорите за зголемување на времето на емитување на американските меѓународни медиуми, меѓу кои и Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG