Достапни линкови

Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за кризата во Украина


Украинскиот амбасадор во ОН Јуриј Сергеев
Советот за безбедност на ОН одржа итен состанок поради растечката криза во источна Украина. Состанокот беше одржан на барање од Русија, а доаѓа откако украинскиот привремен претседател Олександр Турчинов им даде на про-руските сепаратисти рок до денеска во 8 часот да го одложат оружјето и да ги напуштат владините згради што ги окупираа во неколку источни градови, или ќе се соочат со широка антитерористичка операција, во која би била вклучена и армијата.
Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека бил возбуден поради оваа најава од Украина. Тој додаде дека Киев треба да ја запре употребата на сила против источноукраинскиот народ и да почне вистински дијалог.
Меѓутоа, американската амбасадорка Саманта Пауер рече дека нестабилноста во Украина е „целосно вештачка“, и оти е „напишана и кореографирана во и од Русија“. Јуриј Сергеев, украинскиот амбасадор во ОН, исто така истакна дека кризата е креирана од Русија и ја повика Москва веднаш да ги запре акциите чија цел е поткопување на украинскиот територијален интегритет.
XS
SM
MD
LG