Достапни линкови

Русија од Интерпол бара апсење на лидерот на украинскиот „Десен сектор“


Лидерот на украинскиот „Десен сектор“, Дмитро Јарош.
Рускиот јавен обвинител Јуриј Чајка изјави дека неговата канцеларија до Интерпол испратила материјали за апсење на лидерот на украинскиот „Десен сектор“, Дмитро Јарош. Зборувајќи пред новинарите во градот Симферопол во Крим, Чајка рече дека рускиот истражен комитет отворил кривична истрага против Јарош во отсуство поради јавни повици за извршување екстремистички и терористички акции. Тој исто така рече дека соборениот украински претседател Виктор Јанукович нема да биде екстрадиран во Украина, затоа што, според него, тој не извршил никакво злосторство за што би можело да му се суди во Киев.
XS
SM
MD
LG