Достапни линкови

Турција има докази за урнатиот сириски авион


Ахмет Давутоглу
Сирискиот авион ловец, што вчера беше соборен од турската противвоздушна одбрана, го нарушил воздушниот простор на Турција, изјави денеска шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу. Тој додаде дека Турција за инцидентот го известила НАТО, како и Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН. Авионот паднал на сириска територија, а пилотот успеал да се катапултира. Сириската воена команда соопшти дека ловецот следел банди терористи над сириска територија и не го нарушил турскиот воздушен простор.
XS
SM
MD
LG