Достапни линкови

Германија со осуда за руското однесување


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер го осуди рускиот „обид да се развои Европа“ со поддршка на референдумот за независност на украинскиот јужен регион Крим. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша закон со кој го формализира референдумот во Крим и покрај санкциите од ЕУ и САД. Штајнмајер по средбата со вршителот на должност претседател на Украина Олександер Турчинов , изјави дека се надева оти првата мисија на ОБСЕ составена од 500 набљудувачи која ќе пристигне во Украина ќе придонесе за стабилизација на државата во следните неколку денови. Турчонов повика на европска поддршка повикувајќи се на можна соработка со Германија за „ обид да се модернизира и зајакнат вооружените сили на Украина.“
XS
SM
MD
LG