Достапни линкови

Експлозија на гас во зграда во Истанбул, неколкумина повредени


Истанбул, 17.02.2014
Четири лица биле повредени при експлозијата во зграда во центарот на Истанбул, за која се верува дека е предизвикана од истекување гас, јавуваат турските медиуми.
Експлозијата се случила во уметничка галерија кај истанбулскиот плоштад Таксим. На местото пристигнале голем број противпожарни и медицински екипи. Полициски хеликоптер, исто така, бил испратен во реонот на експлозијата.
Според Ахмет Мисбах Демирџан, градоначалникот на истанбулската општина Бејоглу, каде се случи експлозијата, причината за експлозијата е истекување гас, а не тероризам. Тој предупреди за нова можна експлозија, забележувајќи дека во реонот уште се чувствува мирис на гас. Причинета е материјална штета и на околните згради.
XS
SM
MD
LG