Достапни линкови

Египет-Морси повторно на суд


Соборениот египетски претседател Мухамед Морси
Соборениот египетски претседател Мухамед Морси денеска повторно треба да се појави на суд под обвинение за шпионажа и заговор со цел извршување на терористички напади. Обвинителството соопшти дека Морси заедно со уште 35 осомничени соработувал со палестинската милитантна група Хамас и либанската Хезболах. Потив Морси се води уште еден судски процес за негова наводна вмешаност во убиството на опозициски демонстранти во декември 2012 година.
XS
SM
MD
LG