Достапни линкови

Тимошенко ќе преговара само за оставка на Јанукович


Поддржувачи на Тимошенко пред транспарент со нејзиниот лик
Поранешната украинска премиерка која отслужува затворска казна Јулија Тимошенко изјави дека е подготвена да учествува во преговорите меѓу опозицијата и претседателот Виктор Јанукович. Но, само под услов доколку темата на преговорите е оставката на Јанукович.
Таа порача и дека притисокот врз шефот на државата треба да се зголемува се додека тој не ги започне вистинските преговори со опозицијата. Тимошенко беше осудена во 2011 година на 7 години затвор за злоупотреба на функцијата.
XS
SM
MD
LG