Достапни линкови

Заложничка драма во училиште во близина на Москва


Илустрација
Вооружен напаѓач држи во заложништво 20-тина ученици во едно училиште во предградие на Москва, јавија руските медиуми. Најмалку еден полицаец бил убиен кога напаѓачот отворил оган врз полицијата на местото на настанот, каде што се упатил и министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев. Мотивите на напаѓачот засега не се познати, а медиумите претпоставуваат дека станува збор за родител на некој од учениците.
XS
SM
MD
LG