Достапни линкови

Втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија


Премиерот Никола Груевски
„Џонсон Контролс“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона во Штип пушти во употреба нов објект за тапацир и производство на навлаки за автомобилски седишта. На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, генералниот директор на ТРИМ групацијата „Џонсон Контролс“ Петар Хеифт, како и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс. Премиерот Груевски на свеченоста потсети дека станува збор за втора инвестиција на Џонсон Контролс во Македонија. „Инвестицијата се проценува на околу 20 милиони евра, а е проектирана да вработува околу 1.400 луѓе, изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG