Достапни линкови

Денис Родман повторно во Северна Кореа


Денис Родман
Американската кошаркарска ѕвезда Денис Родман предводи кошаркарски тим во Северна Кореа на натпревар за одбележување на роденденот на Ким Џонг Ун. „Тој ми е пријател и јас го сакам“, изјави Родман денеска на аеродромот во Пекинг, изразувајќи надеж дека натпреварот би можело да ги отвори вратите за разговори за, како што рече, „извесни прашања“. Во тимот што го предводи се и поранешните НБА кошаркари Кени Андерсон, Клиф Робинсон и Вин Бејкер. Натпреварот ќе се игра в среда. Ова е трет престој на Родман во Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG