Достапни линкови

Расте бројката на жртви од нападите во Волгоград


Експлозијата на тролејбусот во Волгоград
Руските власти соопштија дека бројката на загинати при бомбашките напади во Волгоград се искачи на 33 лица. Според министерството за вонредни ситуации една жртва од нападот на железничката станица им подлегнала на повредите, како и уште една од експлозијата во тролејбусот. Погребот на некои од жртвите ќе се одржи утре.
САД и понудија на Русија поблиска соработка околу безбедносните подготовки за зимските олимписки игри во Сочи. Руското министерство за надворешни работи нападите ги обвини исламските милитанти од Северен Кавказ.
XS
SM
MD
LG