Достапни линкови

Ходорковски во Германија


Михаил Ходорковски
Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски откако денеска го напушти затворот, со авион замина од Русија за Германија. Претходно рускиот претседател Владимир Путин го потпиша декретот за негово помилување. Вчера Путин изјави дека помилувањето е поради хуманитарни причини, бидејќи мајка му на Ходорковски била болна. 50 годишниот Ходорковски беше уапсен во 2003 година веднаш откако се активира на руската политичка сцена. Тој беше осуден за затајување данок и перење пари, а потоа и за проневера и крадење нафта во вредност од 23 милијарди долари. Од затвор требаше да биде пуштен во август идната година.
XS
SM
MD
LG