Достапни линкови

Попоски во Софија, бугарски дипломати во Скопје


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски
Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски денеска и утре ќе оствари работна посета на Бугарија каде што ќе биде примен од министерот за надворешни работи Кристијан Вигенин. Предвидено е во Народното Собрание Попоски да има средба со членовите на Групата за пријателство меѓу двете земји, како и да одржи предавање во Институтот на Министерството за надворешни работи во Софија. Денеска во Скопје делегации на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија на консултации за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите.
XS
SM
MD
LG