Достапни линкови

Во Женева подготовки за мировен состанок за Сирија


Пратеникот на Арапската лига за Сирија Лакдар Брахими
Пратеникот на Арапската лига за Сирија Лакдар Брахими денеска во Женева се сретна со заменик шефот на руската дипломатија Михаил Богданов и со подсекретарот во Стејт департментот Венди Шерман во врска со подготовки на состанок за решавање на конфликтот во Сирија. Претходно американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека на тој состанок би требало да учествуваат и двете страни, режимот на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците. Во меѓувреме, руската агенција Итартас јави дека состанокот најверојатно нема, да се одржи, како што беше планирано, во текот на овој месец.
XS
SM
MD
LG