Достапни линкови

Голема анти корупциска акција во Романија


Романка со бои на националното знаме на лицето
Околу 50 луѓе се под истрага на романската Национална дирекција за борба против корупцијата и затајување на данок, објави денеска весникот „Евениментул зилеј“. Според судски извори осомничени се еден сенатор, директори во Министерството за финансии и вработени во Финансиската полиција.
Тие ја оштетиле државата за приближно 50 милиони евра.
Весникот наведува дека станува збор за комплексно дело за корупција и затајување на данок во кои се вмешани голем број луѓе и повеќе од сто романски и странски фирми.
XS
SM
MD
LG