Достапни линкови

Средба за иранската нуклеарна програма


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано.
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано в понеделник треба да се сретне со иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи во централата на агенцијата во Виена. Меѓународната агенција бара пристап до иранските нуклеарни постројки, документи и официјални претставници, како дел од истрагата што треба да утврди дали Иран се обидува да развие атомска бомба. Наредната рунда разговори за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и претставници на шесте светски сили е закажана за 7 и 8 ноември во Женева.
XS
SM
MD
LG