Достапни линкови

Кежаровски осуден на 4 ипол години затвор


Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски, јули 2013.
Новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во случајот Ликвидација е осуден на казна затвор од четири ипол години, одлучи денеска основниот суд Скопје 1. Останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Судскиот процес за овој случај траеше два месеца. Тие беа обвинети за примање поткуп, злоупотреба на службена положба, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.
XS
SM
MD
LG