Достапни линкови

Кугларите од Макпетрол сребрени во европскиот НБЦ куп


Македонскиот шампион Макпетрол постигна историски подвиг минатата недела, кога во конкуренција на 21 екипа во Аугсбург – Германија, го освои сребрениот медал во НБЦ купот, што е прв трофеј за една македонска кугларска екипа во европските натпреварувања.

Само пет месеци откако македонската репрезентација стана светски вицешампион (на Мундијалот во Унгарија), нашето куглање повторно е во центарот на вниманието на меѓународната сцена. Овојпат, историски подвиг постигна нашиот шампион Макпетрол, кој минатата недела, во конкуренција на 21 екипа во Аугсбург – Германија, го освои сребрениот медал во НБЦ купот, што е прв трофеј за една македонска кугларска екипа во европските натпреварувања.
Оваа екипа е навистина квалитетна и пресудно беше тоа што екипата беше компактна. Играчите максимално се залагаа. Го дадоа максимумот што можеа да го пружат во тој момент и резултатот си беше неминовен. Имаше некои среќни околности, меѓутоа во финалето имавме и некоја несреќна околност, така што, кога сè ќе се собере, треба да сме презадоволни со ова сребро.
Гргур Петровиќ, тренер на Макпетрол.

Успехот, со кој е обезбедено учество и во годинашната Лига на шампиони можеше да биде и поголем, бидејќи во финалниот меч италијанскиот Нојмаркт беше подобар само за еден сет, односно за 32 повеќе соборени кегли (на поени беше нерешено 4-4, а во сетови 13-11). Ваквиот епилог изненади многумина, но не и тренерот на „нафташите“, Гргур Петровиќ, кој е задоволен од постигнатото.
Виктор Николовски и Бојан Влакевски, куглари.
Виктор Николовски и Бојан Влакевски, куглари.

„Оваа екипа е навистина квалитетна и пресудно беше тоа што екипата беше компактна. Играчите максимално се залагаа. Го дадоа максимумот што можеа да го пружат во тој момент и резултатот си беше неминовен. Имаше некои среќни околности, меѓутоа во финалето имавме и некоја несреќна околност, така што, кога сè ќе се собере, треба да сме презадоволни со ова сребро“, рече Петровиќ.

Овој успех уште еднаш потврди дека македонското куглање е во светскиот врв, но и дека за квалитетот да излезе на површина неопходни се финансиски вложувања.
Тежок натпревар ќе биде. Тие се повеќето репрезентативци имаат и странци што играат за нив. Искусна екипа, иако се повеќето млади, искусни се, освојувале медали на Светски, на Европски, на сите првенства, Лига на шампиони, исто лани играа на фајнал-фор. Тешко ќе биде, меѓутоа ако имаме компактност, нема да има проблем. Тоа ќе ни биде главен адут.
Бојан Влакевски, куглар.

„Овој резултат што сега е постигнат е благодарение пред сè на разбирањето на Извршниот одбор на компанијата ‘Макпетрол’, на чело со претседателот на ИО, господинот Андреја Јосифовски, кој има големо разбирање за спортот и за нас како кугларски клуб. Веќе 16-17 години се натпреваруваме полупрофесионално. Тука се издвоени големи финансиски средства и доколку тоа не го разбереа луѓето од Извршниот одбор, немаше да го постигнеме овој резултат“, изјави секретарот и член на УО на клубот, Николче Крстев, кој задоволно додава и дека успехот по кој сите во Европа со огромен респект говорат за Макпетрол е постигнат со млади и исклучиво домашни куглари.

Тие својот квалитет сега ќе го покажат и во најквалитетното клупско натпреварување - Лигата на шампиони. Макпетрол таму се враќа по двегодишна пауза, а во осминафиналниот двомеч (во средината на ноември и на почетокот на декември) ќе ги одмери силите со австрискиот Сент Полтен. Тоа е квалитетен тим, но, според стандардниот македонски репрезентативец Бојан Влакевски, не е и непремостлива пречка во битката за влез меѓу осумте најдобри на Стариот континент.

„Тежок натпревар ќе биде. Тие се повеќето репрезентативци имаат и странци што играат за нив. Искусна екипа, иако се повеќето млади, искусни се, освојувале медали на Светски, на Европски, на сите првенства, Лига на шампиони, исто лани играа на фајнал-фор. Тешко ќе биде, меѓутоа ако имаме компактност, нема да има проблем. Тоа ќе ни биде главен адут“, рече Влакевски.

Тренерот Петровиќ вели дека се работи за силна екипа, позната во Европа.

„Меѓутоа, јас пак ќе кажам, оваа генерација е надежна, квалитетна и би било реално да се надеваме дека можеме да поминеме. Бидејќи сега имаме екипа која е компактна и ако немаме некој голем кикс, а не би требало, ништо чудно да паднат Австријците“, вели Петровиќ.

Инаку, покрај Влакевски, во тимот на Макпетрол кој го освои среброто во НБЦ купот, беа уште и капитенот Димитар Димитровски, Сашо Трпковски, Мартин Тодоровски, Виктор Николовски, Александар Соколовски и Дарко Димитровски.
XS
SM
MD
LG