Достапни линкови

Италијанската влада во криза


Енрико Лета
Владата на Италија е во криза откако пет министри од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони објавија дека поднесуваат оставка.
Премиерот Енрико Лета го обвини Берлускони за "лудиот" гест насочен кон покривање на неговите лични работи. Берлускони ги повика членовите во неговата централно-десничарска Партија на слободата да се повлечат ако Владата не го повлече зголемувањето на данокот на додадена вредност на Италија.
Претседател Џорџо Наполитано сега мора да одлучи дали сегашната влада може да се спаси или ќе мора да се одржат нови избори.
XS
SM
MD
LG