Достапни линкови

Конструктиви разговори во Виена за иранската нуклеарна програма


Херман Некертс, Виена, 27.09.2013
Во Виена денеска се одржаа разговори меѓу претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија и на Иран во врска со нуклеарната програма на Техеран. По разговорите, заменик генералниот директор на агенцијата Херман Некертс и иранскиот преговарач Реза Наџафи изјавија дека имале конструктивни разговори и оти нова средба е закажана за 28-ми октомври. Некертс додаде дека она што се случува на Генералниот собрание на Обединетите Нации во врска со иранската нуклеарна програма, е различна работа и независно од она што се работи во Виена.
XS
SM
MD
LG